Тече јавниот повик за концесија на ловиштата

07.03.2014 09:08

Ловните региони во Македонски Брод, Берово, Свети Николе, Прилеп, Радовиш и Кочани се првите каде што концесионерите ќе се избираат по електронски пат...

Јавниот повик повик за концесија на 39 ловишта во Македонија е во тек. Годинава, новина е што за прв пат најдобриот понудувач ќе се избира по електронски пат.

Ловните региони во Македонски Брод, Берово, Свети Николе, Прилеп, Радовиш и Кочани се првите каде што концесионерите ќе се избираат по електронски пат.

Со давање под концесија треба да се подобрат условите за хрананење, одгледување,заштита и одржување на бројната состојба на дивечот за развој на ловниот туризам.

Концесионерите имаат и обврска да изградат сместувачки и угостителски капацитети  за  развој на оваа дејност.

За ситениот дивеч концесијата е за  10, а за крупениот за  20 години.

Во земјава има вкупно 256 ловишта. 205 се дадени под концеција, од кои за  24 договорот истекува 2015-та година.

 

Методија Трајков