Џинпинг уверен дека Кина може да се справи со епидемијата
Безбедноста и здравјето се најважни за луѓето, затоа во моментов контролата врз ширењето на вирусот е наша основна задача, рече кинескиот претседател. Тој е цврсто уверен дека неговата земја може да победи во борбата со епидемијата, преку научни мерки и прецизни политики...
Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус, на која соопшти дека во моментов Кинезите сериозно се борат со епидемијата.
Безбедноста и здравјето се најважни за луѓето, затоа во моментов контролата врз ширењето на вирусот е наша основна задача, рече кинескиот претседател. Тој е цврсто уверен дека неговата земја може да победи во борбата со епидемијата, преку научни мерки и прецизни политики, пренесе Радио Кина.
Кинеската Влада со рекордна брзина јавила за присуството на новиот вирус и веднаш со СЗО и другите држави ја споделила генетичката информација за новиот тип на Коронавирусот. Ефикасните мерки и силата на кинескиот систем се доволни, изјави Гебрејесус.
Според него, мерките на кинеската Влада ефикасно ќе ја контролираат ситуацијата и епидемијата ќе биде совладана.
