Продолжува јавната расправа за Законот за јавно обвинителство

29.01.2020 13:00

Министерката Дескоска вчера го презентираше законското решение, кое според неа е европско и нуди фер и непристрасно спроведување на правдата...

Во Законодавниот дом за 14 часот е најавено продолжување на јавната расправа за Предлог- законот за јавно обвинителство.

Министерката Дескоска вчера го презентираше законското решение, кое според неа е европско и нуди фер и непристрасно спроведување на правдата. Државниот обвинител Јовески вели- не треба партиите и политиката да бираат обвинители.

Додека академик Владо Камбовски, кој е еден од изготвувачите на законот, вели дека ако треба и изборите да се одложат за еден месец- законот да се донесе, професорката Сиљановска потенцира дека пред да биде изгласан, законот да биде испратен во Венецијанската комисија.

Власта очекува донесување на Законот за јавното обвинителство, додека опозицијата засега е воздржана и велат дека нема да поддржат ваков предлог- закон.

Во јавната расправа учествуваат претставници на правната фела, обвинители, адвокати, професори од правните факултети и од НВО секторот, како и пратеници од сите политички партии.