Сослушани четири нови сведоци на Обвинителството за предметот „Рекет“
Водителката Лила Филиповска пред судот изјави дека на телевизијата 1ТВ на Јовановски и дала донација од 20 илјади евра, а подоцна и позајмица од 500 илади денари, средства од нејзина лична сметка.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи сослушувањето на четири нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал за предметот „Рекет“, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.
Водителката Лила Филиповска пред судот изјави дека на телевизијата 1ТВ на Јовановски и дала донација од 20 илјади евра, а подоцна и позајмица од 500 илади денари, средства од нејзина лична сметка.
Сања Димовска, шефица на кабинетот на Јанева во сведочењето изјави дека специјалната обвинителка наредила да му се врати пасошот на Орце Камчев, а предметната документација и била предадена на нејзината заменичка, Елизабета Јосифовска.
Обвинетиот Бојан Јовановски најави дека ќе поднесе 19 кривични пријави, од кои една и против обвинителката Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра.
