Заклетва на војниците од 22-та генерација доброволци
07.03.2014 09:20
Заклетва ќе дадат 208 војници...

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, денеска ќе се одржи свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари - 2014“.
Заклетва ќе дадат 208 војници од дваесет и втората генерација на доброволно служење на воениот рок, со кои обуката ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамки на Командата за обука и доктрини, во траење од три месеци.
