Евросонг 2020

Гарванлиев ќе настапи во првата половина на првото евровизиско полуфинале

29.01.2020 13:39

Од секое полуфинале по десет земји ќе се пласираат во финалето, каде ќе ги пречекаат земјите од големата петорка Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и домаќинот Холандија.

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев ќе настапи во првата половина на првото евровизиско полуфинале на 12-ти мај, вака покажа резултатот од жребувањето коешто се одржа вчера попладне во градската куќа во Ротердам. Конечниот редослед дополнително ќе биде утврден од страна на продуцентите на шоуто.

Од секое полуфинале по десет земји ќе се пласираат во финалето, каде ќе ги пречекаат земјите од големата петорка Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и домаќинот Холандија.

Финалето е закажано за 17-ти мај.