Ирак: Демонстрации против новиот мандатар за владата
Политичките случувања предизвикаа нови поделби меѓу демонстрантите и приврзаниците на политичарот и шиитски имам Муктад ал-Садр, кој првично застана зад граѓанскиот бунт, но постепено почна да се врти кон политчката елита...
Антивладини демонстранти во Ирак против номинацијата на Мохамед Алави за мандатар за состав на новата ирачка Влада.
Политичките случувања предизвикаа нови поделби меѓу демонстрантите и приврзаниците на политичарот и шиитски имам Муктад ал-Садр, кој првично застана зад граѓанскиот бунт, но постепено почна да се врти кон политчката елита која го избра Алави, политичарот чијашто идеологија ја има неговата поддршка.
„Ги блокиравме патиштата зашто не го сакаме новиот премиер. Сакаме независен човек кој доаѓа од овој плоштад, еден од нас. не сакаме да е поврзан со партија или да е од друга националност.“
Бунтот на Ирачаните почна на 1 октомври. Револтирани се од корумпираноста во политичките редови, лошите јавни служби и недостигот од работни места. Бараат темелни реформи на ирачкиот политички систем. нонредни избори и повлекување на владечката елита.
