Македонски државјани загинаа во сообраќајна несреќа во Италија
03.02.2020 09:46
Според локалните медиуми тие со автомобил „Рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило. Од видеото објавено на порталот „Ил Пијаченца“ може да се види дека автомобилот е речиси целосно уништен.
Македонски државјани на возраст од 25 и 26 години загинаа во сообраќајна несреќа во италијанскиот град Пијаченца. Од МНР го потврдуваат трагичниот настан.
Според локалните медиуми тие со автомобил „Рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило. Од видеото објавено на порталот „Ил Пијаченца“ може да се види дека автомобилот е речиси целосно уништен.
Причините за несреќата засега се непознати. Дел од медиумите објавија дека настрадале ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов.
