Застрелан полицаец во Велес, напаѓачот избегал
03.02.2020 10:46
Со прострелни рани во стомакот и во коленото, повредениот бил префрлен на клиниката во Скопје, и е надвор од животна опасност.

Застрелан полицаец вчера во Велес. Заедно со свои колеги бил во акција кај градските гробишта. Според сооопштението на МВР, тие биле физички нападнати од четири лица кај црквата Свети Спас.
Едниот од напаѓачите успеал да му го одземе пиштолот на 46-годишниот полицаец и пукал кон него. Со прострелни рани во стомакот и во коленото, повредениот бил префрлен на клиниката во Скопје, и е надвор од животна опасност.
Три лица се приведени, но сторителот на делото е сѐ уште во бегство- соопшти МВР.
