Дојранчани гласаа против јавно- приватно партнерство за водовод и канализација

03.02.2020 11:02

Граѓаните на Општина Дојран гласаа против склучување договор за јавно- приватно партнерство со ново комунално претпријатие кое требаше да стопанисува со услугите за водовод и канализација во наредните 30 години.

На вчерашниот референдум граѓаните на Општина Дојран гласаа против склучување договор за јавно- приватно партнерство со ново комунално претпријатие кое требаше да стопанисува со услугите за водовод и канализација во наредните 30 години.

На прашањето „Дали сте за или против доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење, одведување на урбани отпадни води, и третман на урбани отпадни води во Општина Дојран?“, гласале 1.420 граѓани или 53,34 насто од запишаните. Од нив „за“ гласале 404, „против“ биле 978, а 38 ливчиња биле неважечки.

Планот за јавно-приватно партнерство подразбираше инвестиција на приватниот партнер во водоводна и канализациска мрежа од 8,1 милиони евра за период од 3 години и стопанисување со комуналните услуги во наредните 30 години.