Референдумот на Крим долева масло на украинскиот оган

07.03.2014 09:29

Американскиот претседател Обама нареди замрзнување на имот и забрана за патување во САД на повеќе руски функционери, но не и на рускиот претседател Путин...

Гласањето на парламентот на Крим да и се придружи на Русија и референдумот што треба да се одржи за 10 дена долеаја масло на украинскиот оган. Европската унија и САД го осудија тој, како што го нарекоа, „илегален потег“.

Американскиот претседател Обама нареди замрзнување на имот и забрана за патување во САД на повеќе руски функционери, но не и на рускиот претседател Путин.

Европската унија ги откажа подготовките на самитот на Г-8 во сочи и преговорите за безвизен режим со Русија, а се заканува и со замрзнување на имот и други економски рестрикции.

Преодниот украински премиер Јаценјук претходно порача дека Украина е подготвена да употреби воена сила ако Русија се придвижи повнатре на украинска почва.

Во источниот град Донецк, нови обиди за дестабилизација – 200 проруски активисти се обидоа да упаднат во владина зграда за да го ослободат од затвор прорускиот гувернер, но беа спречени.