Сирија: Турски војници загинаа во гранатирање од владините сили

03.02.2020 11:12

Од Министерството за одбрана соопштија дека во одмазднички напад, турските сили уништиле неколку цели на истата локација која се смета за последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Четворица турски војници се убиени,а деветмина ранети во гранатирањето на силите на сириската влада во северозападниот регион Идлиб. Од Министерството за одбрана соопштија дека во одмазднички напад, турските сили уништиле неколку цели на истата локација која се смета за последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Нападот следува откако голем турски конвој влезе во подрачјето во рамките на новата офанзива на сириската влада. Минатата година Анкара и Москва соработуваа да воспостават граница на т.н. сигурна зона во посебен дел на североисточна Сирија по операцијата против курдските борци кои Турција ги смета за терористи.