Зимска суша

Неповолни услови за земјоделско производство

03.02.2020 11:11

Зимската суша продолжува. Според агрометеоролозите и оваа година почна со неповолни услови за земјоделското производство. Покрај ниското ниво на влага во почвата, намалени се и подземните води, а акумулациите се без доток и полни само една третина. Критично е низ целата држава, особено во источниот дел каде влага има многу малку и не може да се изврши прихранување на есенските посеви.

Малите врнежи минатата недела не помогнаа, зимската суша продолжи. И тературата на воздухот сѐ уште е на невообичаени високо ниво за овој период од годината што дополнително ја усложнува состојбата.

Од земјоделските работи на отворено остануваат, кроењето на праската и на виновата лоза, додека прихранувањата на есенските посеви сѐ уште се оддложуват заради ниската влага во почвата и неможноста да се растворат арските минерални ѓубриња.

Прогнозите и за оваа седмица не се ништо поразлични од сегашните временски услови, со минимални утрински температури од околу  -6 до 0 степени и дневни температури на водухот од 6 до 18 степени.

Ваквите временски услови се невообичаени и неповолни за земјоделските култури во текот на јануари и февруари.

Слична е состојбата и со акумулациите. Калиманци е полна само 27 проценти, а доток на води во браната речиси и да нема. Метеоролозите велат дека состобата е иста во целиот регион.

 

Методија Трајков