Прилепските тутунари на протест, го блокираа патниот правец Прилеп- Плетвар

03.02.2020 12:42

Незадоволни, велат дека од 1-ви јануари тутунот веќе не се откупува, а оној што се откупува се плаќа за класа пониско, односно значително е намалена откупната цена.

Утрово излегоа на протест прилепските тутунари. Го блокираа патниот правец Прилеп- Плетвар. Незадоволни, велат дека од 1-ви јануари тутунот веќе не се откупува, а оној што се откупува се плаќа за класа пониско, односно значително е намалена откупната цена.

Тие бараат да се зголеми откупната цената, а сите откупни пунктови да проработат и да се исплаќа  вистинската класа на тутун.

Исто така, тутунарите бараат да се донесе закон со што ќе се забрани увоз  на тутун во земјава и потсетуваат дека и субвенциите сѐ уште не се исплатени, затоа што, како што велат, постои  партиска дискриминација и врски.