Приведено лицето што пукаше во полициски службеник во Велес

03.02.2020 12:52

Тој заедно со уште три други лица нападнале полициски службеници при вршење службени дејствија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека претпладнево е лишен од слобода 31-годишниот велешанец што вчера стрелаше во полицаец. Тој заедно со уште три други лица нападнале полициски службеници при вршење службени дејствија.

„Денеска околу 10.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ѓ.К.(31) од Велес. Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него“- соопшти МВР.

По целосно расчистување на случајот, МВР најави поднесување на соодветна пријава.