Заев сведочеше за „Монструм“
Екс- премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по двочасовно сведочење за случајот „Монструм“ изјави дека одговорил на сите прашања и дека е добро што судењето е повторено за да излезе правдата на виделина. Адвокатот на семејставта на убиените кај Смилковско езеро, оцени дека Заев не кажал ништо ново и не изнел никакви нови докази за случајот „Монструм“...
По двочасовното сведочење, експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изјави дека одговорил на сите прашања за случајот „Монструм“ и дека е добро што e повторена истрагата. На надлежните им предал сѐ што имал поврзано со убиството на петтемина кај Смилковско Езеро.
Адвокатот на семејствата на убиените кај Смилковско Езеро оцени дека Заев не кажал ништо ново и не изнел никакви нови докази за случајот „Монструм“.
На сведочењето на Заев реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение наведува дека Заев во периодот од 2015-та до 2017-та ги лажел роднините и родителите на жртвите од масакрот кај Смилковско Езеро, но и целокупната јавност во Македонија, дека имал докази дека обвинетите се невини, дека имало претставници на власта од тоа време кои се инволвирани и оти имал чувствителни докази за нова вистина за случајот.
Ирина Гелевска
