Родова еднаквост

Општините без план и активности за унапредување на еднаквите можности

03.02.2020 15:45

Неусогласеноста и недостигот од податоци за надлежностите на координаторите за еднакви можности меѓу мажите и жените- причина за делумното функционирање на локално ниво. Сѐ уште дел од општините немаат назначено координатори, но и акциски планови за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите- беше нагласено на собраниската комисија...

Сѐ уште голем дел од општините немаат назначено координатори за родова еднаквост. Немаат ниту акциски планови за унапредување. На собраниската комисија посочено дека неусогласеноста и недостигот од податоци се причина за слабото функционирање на координаторите на локално ниво. Според претседателката на комисијата, назначувањето на координаторите е законска обврска.

И локалните единици и дел од невладините организации потенцираат дека соработката е важна за достапноста на јавните услуги што се клучни за остварување на родовата еднаквост и за промовирање на родовоодговорните политики.

Од Министерството за труд и социјална политика велат, се подготвува новиот Закон за еднакви можности што се очекува да биде донесен годинава, а ќе овозможи унапредување на состојбата.

 

Дијана Ценевска