Политика

Неизвесно распуштањето на Собранието

03.02.2020 16:10

Доколку не се донесе решение за Законот за јавно обвнителство, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори. Заев со опција за Законот за јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ изјавата ја толкува како обид да се избегне изборниот пораз...

Доколку не се донесе решение за Законот за јавно обвнителство, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.

Заев прави повторен обид за одлагање на изборите, а тоа е доказ дека знае оти народот не го сака и ќе биде убедливо поразен, реагира потпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Смета дека кога Заев видел оти не може да му помине Законот за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност, сега се обидува да ги одложи изборите. Од партијата додаваат дека Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите, чиј вистински интерес е да се заштити по изборите од одговорност.

Заедничката средба на парламентарните групи за законот за Јавното обвинителство иако беше најавена не се одржа поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, велат од Собранието. Министерката за правда, Рената Дескоска, имала одвоени средби со партиите што имаат амандмани за законот. Пратениците од помалите партии треба да ги изнесат забелешките и да се договорат за конечниот предлог- текст на законот.

 

Игор Панов