Возило кое непрописно претекнувало виновно за несреќата пред Ќафасан?!

07.03.2014 14:24

Во комби возилото биле 19 лица албански државјани, главно пензионерки, кои во Струга планирале да го одбележат осми март- денот на жената...

Во близина на градот Прењас кај месноста викана Урака на само 10-тина километри од Македонско-Албанската граница вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија 2 патнички, 4 се во потешка состојба а останатите со телесни повреди се префрлени во болничките центри во околината. Како што изјавува очевидецот слушнал силен удар и веднаш се упатил на местото на настанот.

„Кога стигнав за да помогнам на настраданите затекнав едно мртво лице млада девојка која всушност била организатор на оваа група и уште една потешко повредена жена кои ги извлековме а останатите сите беа трауматизирани и повредени кои беше превртен во каналот, а во меѓивреме почина и другата постара жена“, изјавува очевидецот.

Во врска со причината на несреќата очевидецот вели дека нив ќе ги утврди полицијата.

„Ние не се занимававме со причините туку сакавме да им помогнеме на настраданите каде 19 беа потешко и полесно повредени меѓу кои 2 загинати. Подоцна разбрав дека до несреќата дошло дека другото возило при непрописно претекнување удрило во патничкото комбе после кое комбето изгубило контрола и удрило во беронски столб и се превртело во каналот“, вели очевидецот од Албанија.

Како што дознаваме 19-те патнички биле наставнички од училиштата во Тирана кои планирале 7-ми и 8-ми Март да ги поминат во Струга и Охрид.



Јованчо Наумоски