Евроинтеграции

Де Моншален: Новата методологија сè уште не гарантира преговори со Македонија во март

04.02.2020 10:11

Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален, на прес – конференција во Брисел изрази увереност дека методологијата што ќе ја објави Европската Комисија во среда ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Македонија и Албанија во март...

Методологијата што ќе ја објави Европската комисија во среда ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Македонија и за Албанија во март, на пресконференција во Брисел изјави француската државна секретарка за европски прашања, Де Моншален.

Вели дека засега не може да каже која ќе биде позицијата на Франција, сѐ додека не се објави реформата на процесот како и извештајот на Европската комисија за реформите во земјите, кој се очекува во март.

Треба да има договор меѓу земјите- членки да се осигуриме дека се дава позитивна дијагноза и има вистински економски патоказ, а не судски и административен монопол во регион во кој сакаме да тежиме. Мора да има конкретни економски предлози, инаку зборуваме за политика на сигнал, вели Моншален.

Франција инсистира новата методологија да вклучува четири клучни принципи- реверзибилност, политичко управување со процесот, постепеност и конкретност.