Приштина

Косово доби нова влада

04.02.2020 10:38

Курти по преземањето на должноста претседател на владата изјави дека се отвора ново поглавје за Косово и дека било остварено невозможното, додавајќи дека ниту движењето Самоопределување, ниту Демократскиот сојуз на Косово не победиле, туку дека победиле граѓаните...

Премиерот на Косово, Албин Курти по преземањето на должноста претседател на владата изјави дека се отвора ново поглавје за Косово и дека било остварено невозможното, додавајќи дека ниту движењето Самоопределување, ниту Демократскиот сојуз на Косово не победиле, туку дека победиле граѓаните.

Новата влада на Косово беше изгласана во парламентот неколку месеци по изборите, поради несогалсување меѓу партиите за тоа од која партија да биде идниот претседател на Косово.