Кина
Коронавирус: Бројот на заразени надмина 20.000 луѓе
04.02.2020 10:51
Кинеското раководство призна дека имало пропусти и недостатоци во реакциите на државата околу смртоносниот Коронавирус...

Бројот на заразени од Коронавирусот во Кина надмина 20.000, а меѓу нив е и едномесечно бебе. Кинеското раководство призна дека имало пропусти и недостатоци во реакциите на државата околу смртоносниот Коронавирус.
Комунистичката партија на Кина соопшти дека државата мора да ги зајакне капацитетите во решавање на ургентните и опасни задачи. Меѓудригото, кинеските власти наложија забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор на пазарите.
Жариштето на епидемијата, градот Вухан останува главен приоритет каде што ќе биде испратен дополнителен медицински персонал.
