Атлетика

Пандев денеска на стартната линија

07.03.2014 10:26

Вечер ќе стартува македонскиот спринтер Ристе Пандев. Тој е на стартната листа во трките на 60 метри...

Во Сопот, во Полска  започна 15-то Светско првенство во атлетика во сала. Вечер ќе стартува македонскиот спринтер Ристе Пандев. Тој е на стартната листа во трките на 60 метри. Во оваа дисциплина се пријавени 44-ца атлетичари. Пандев ќе трча во последната, шеста група, чиј старт е закажан за 19 часот и 15 минути. Најпознатаото име во групата е Британецот Двејн Чејмберс,светскиот првак во сала од шампионатот во Доха во 2010 година. Најдобриот резултат на Пандев во сала е 6 секунди и 86 стотинки, постигнат минатата година.

На шампионатот во Сопот учествуваат 587 атлетичари од 141 земја.