Домот на Пабло Ексобар- луксузен хотел со бурно минато
Туристичкиот комплекс е направен на имотот на нарко-босот, кој се наоѓа на самата плажа во Тулум. Оваа локација се смета за најпопуларна туристичка дестинација на полустровот Јукатан.
Домот на Пабло Ескобар стана луксузен хотел. За ова биле издвоени 17,5 милиони долари.
Туристичкиот комплекс е направен на имотот на нарко-босот, кој се наоѓа на самата плажа во Тулум. Оваа локација се смета за најпопуларна туристичка дестинација на полустровот Јукатан.
Всушност, само дел од вилата на Пабло Ескобар е купен, и тоа Каса Малка за 17,5 милиони долари, додека за вложување и средување се издвоени уште 100 милиони.
Луксузниот комплекс ќе има само 42 единици за сместување, но секако пространи и совршено уредени. Хотелот, иако се наоѓа на плажа има и два базени. Во комплексот се наоѓаат и два ресторани и низа продавници на познати марки.
Иако не сметаат сите дека врската на овој објект со бруталниот Ескобар е добра за работата, токму тоа и придонело многу личности да се интересираат за Тулум, а со самото тоа и многу туристи имаат желба да го посетат ова место.