САД
Штабот на Сандерс прогласи победа на изборите во Ајова
04.02.2020 11:53
Според податоците на штабот на Сандерс, тој освоил 29,7 отсто од партиските гласови, на второ место се најде Пит Бутиџич со 24,6 насто, а на трето е Елизабет Ворен со 21,2 насто.

Изборниот штаб на сенаторот Берни Сандерс прогласи победа на нивниот кандидат на првичните избори кај демократите во државата Ајова.
Според податоците на штабот на Сандерс, тој освоил 29,7 отсто од партиските гласови, на второ место се најде Пит Бутиџич со 24,6 насто, а на трето е Елизабет Ворен со 21,2 насто.
Џо Бајден се најде на четвртото место со 12,4 проценти од гласовите на партискикте гласачи.
Изборите во Ајова се први во долгата серија гласања, што ќе го утврдат официјалниот кандидат на партијата за претседател.
