Различни позиции за реформата на системот за социјална заштита
Министерката за труди и социјала и дополнителната-заменичка со различни позиции за реформата на системот за социјална заштита и за центрите за социјална работа. За Мизрахи потегот е нефункционален, за Шкријељ носи бенефит...
Реформата на системот за социјална заштита е нефункционална, тврди министерката за труд и социјала Мизрахи. Посочува дека во делот на интегрираното управување системот е дисфункцинален и остава простор за манипулација.
Мизрахи смета дека одговорот на директорите на центрите дека реформата е добра е по претходно добиена насока од кабинетот на дополнителната заменик- министерка. Вели дека веќе се пристигнати петиции за промена на новата програма за работа.
Невистина и пропаганда е наводното неработење на Центрите за социјални работи, велат од кабинетот на дополнителната заменик- министерка за труд и социјала Шкријељ. Во писмената реакција се вели дека центрите функционираат без пречки, реформите носат бенефит.
Посочуваат дека новиот начин на функционирање го намалил обемот на работа, се намалил бројот на домаќинства за кои еден стручен работник ќе биде одговорен. Во исто време стручните работници добиле и зголемување на платите од 26%. Реформата е само чекор кон европските и светските трендови како најдобра пракса- се вели во соопштението.
Дијана Ценевска
