Струмица и Ќустендил прекугранично соработуваат

07.03.2014 11:07

Претпристапните фондови на Унијата најдоа примена во отворање на канцеларија за проекти во областа на културата...

Културните работници од Југоистокот ќе учат менаџмент. Со европски пари обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, до декември вработените во институциите, но и од невладините организации поблиску ќе се запознаат со културниот менаџмент, преку креирањето проекти, и европските модули за аплицирање. Во Струмица почна со работа проектната канцеларија.

„Еден од главните приоритети е развој на човечките ресурси од кулурниот менаџмент, институционален и вонинституционален. Затоа го избравме овој модул на обуки“, вели Јасмина Мазгалиева, од Здружение на граѓани Евровизија.

Електронска библиотека, интернет платформа за користење на сите заинтересирани, се дел од активностите кои ќе се случуваат во главната канцеларија во Ќустендил.

„За интернет обука ќе биде направена интернет платформа која ќе може да се користи межугранично, и од Македонија и од Бугарија сите заинтересирани и тоа до реонот на Благоевград. Ќе работиме со оперативен менаџмент и ќе направиме електронска библиотека“, изјави Ангел Ангелов, од ЗГ Граѓанска иницијатива за локален развој- Ќустендил.

Проектот за Прекуграничен центар за развој на човечки ресурси тежи 96 илјади евра. Почна со реализација во декември минатата, а ќе заврши во декември оваа година. Проектот го реализираат здружението на граѓани Евровизија од Струмица, заедно со нивните партнери од Бугарија, Граѓанската иницијатива за локален развој од Ќустендил и Развој на деца и млади од Дупница, го реализираат проектот.

 

Катерина Дафчева