ЕК ќе ја објави новата методологија за преговори
Европската Комисија напладне ќе ја објави ревидираната методлогија на преговарачкиот процес за проширување. Документот содржи четири столбови- кредибилитет, политичко управување, динамичности и условеност. Tреба да биде прифатен од земјите членки кон крајот на овој месец. Темпото на напредок ќе зависи од реформите...

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, околу пладне ќе го презентира извештајот за ревидираната методологија за преговори пред новинарите и пред европратениците.
Не станува збор за промена на процесот, туку за негова ревизија со цел тој да стане подинамичен и поефикасен. Документот содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и условеност.
Овој предлог треба да биде прифатен од земјите- членки на ЕУ, најрано кон крајот на овој месец, а Европската Комисија за две седмици ќе ги објави и извештаите за реформскиот напредок во Северна Македонија и Албанија.
Доколку земјите членки се согласат со новата методологија и оценат дека реформите се исполнети, тогаш има шанси за зелено светло за преговори на самитот во март во Брисел.
