Земјоделство

Субвенции за организирање на саеми

05.02.2020 10:38

Локалните самоуправи, земјоделските здруженија и стопански комори можат да се пријавуваат за субвенции за организирање на саеми и манифестации. Рокот за пријавување ќе трае до 28-ми февруари. Еден корисник може да добие до 2 илјади евра...

Министерството за земјоделство објави оглас за субвенции за организирање и спроведување на локални манифестации за промоција на земјоделски производи.

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, стопански комори и задруги.

Барателите треба да достават и план на активности со временска рамка за реализација на предлогот , методологија за нивна реализација, финансиски план и извори на финансирање.

Максималниот износ што може да добие еден барател е 120.000 денари по манифестација.

За реализацијата, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка, а во рок од десет дена по завршување на манифестацијата или саемот треба да достават извештај за реализираните  активности до Министерството.

Краен рок за поднесување апликациите е до 28-ми февруари 2020-та година.

Методија Трајков