Вашингтон

Инцидент по обраќањето на американскиот претседател, Пелоси ја искина копијата од говорот на Трамп

05.02.2020 10:11

При пристигнувањето, Трамп го прекрши воспоставениот ред и не се ракуваше со Пелоси која како спикер на Претставничкиот дом го покрена процесот на отповикување.

Обраќањето на американскиот претседател, Доналд Трамп пред членовите во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, во очи гласањето за импичмент беше засенето од инцидент со претседателката на домот, Ненси Пелоси. Таа  го искина својот примерок од обраќањето на Трамп за состојбата на нацијата, како јасен политички гест откако го ислуша неговиот говор.

При пристигнувањето, Трамп го прекрши воспоставениот ред и не се ракуваше со Пелоси која како спикер на Претставничкиот дом го покрена процесот на отповикување.

Моментот кој предизвика овации на припадниците и на Демократската и на Републиканската партија беше кога Трамп го претстави својот гостин, венецуелскиот опозициски лидер, Хуан Гуаидо, кого го нарече вистински и легитимен претседател на Венецуела.