Ердоган - Путин: Итни мерки во Сирија
05.02.2020 11:31
Двајцата претседатели се согласиле да преземат итни мерки за да се координираат акциите во Сирија.

Турскиот и рускиот претседател, Еродган и Путин разговараа ден по судирите меѓу турската војска и силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад во сириската провинција Идлиб.
Во судирите загинале повеќе од 20 луѓе. Ердоган предупреди дека Турција остро ќе одговори во случај на нов напад на сириските сили на нејзините војници.
Двајцата претседатели се согласиле да преземат итни мерки за да се координираат акциите во Сирија.
Нападот на турските сили претставува удар на заедничките напори на Турција и на Русија за решавање на состојбата во Сирија.
