НБА
Спарс не можеа да ги скријат емоциите, падна шампионот
07.03.2014 11:09
Предводени од Тим Данкан со 23 поени и со 11 скокови, во една од најсјајните партии во тековниот шампионат, ветераните сакаа и добија (утешна) одмазда за поразот во финалето...

Иако од одамна, Сан Антонио и Грег Попович редовно изјавуваат дека регуларниот дел од сезоната не им значи многу, против Мајами приказната беше поинаква. Предводени од Тим Данкан со 23 поени и со 11 скокови, во една од најсјајните партии во тековниот шампионат, ветераните сакаа и добија (утешна) одмазда за поразот во финалето.
Во првата средба по финалната серија што првакот ја доби со 4:3, пред распродадените трибини во АТ&Т центарот, Паркер додаде 17 од кои 14 поени во првото полувреме, Диао реализира 16 и Ленард 11, за 5-тиот триумф во низа на Спарс (45/16). На спротивната страна Бош постигна 24, Џејмс имаше 19, а Вејд 16 (43/16).
Џералд Грин ја одигра партијата на кариерата, со 41 поен од кои 25 во третиот период, со што Санс ја анулираа негативата од 16 поени и стигнаа до триумф против Оклахома. Морис додаде 24 поени меѓу кои и две прецизни слободни на 24 секунди до крајот, а Горан Драгиќ имаше вкупно 22 поена и 6 од последните 12 на Феникс (во победничката серија 12:4, на крајот на мечот). Кај поразените, Вестбрук постигна 36 поени, а Дјурант два помалку.
Шампионските банери и легендарните дресови во заедничката арена, кои што висат кога Лејкерс се домаќини, беа дополнителна мотивација за новиот дебакл што Клиперс му го приреди на гратскиот ривал. Во 6-та победа во последните 7 меѓусебни средби и рекордниот пораз во историјата на франшизата Лејкерс, Блејк Грифин постигна 20 поени со 11 скокови. Крис Пол имаше 13 поени со 11 асистенции, а Клиперс победија на последните две срeдби со комбинирана разлика од 84 поени.
Резултати:
Сан Антонио – Мајами 111:87
Феникс – Оклахона 128:122
Лејкерс – Клиперс 94:142
*Перо Антиќ и Атланта Хоукс не играа во синоќешната понуда, но ќе настапат во 4:30 по полноќ, на гости кај Голден Стејт Вориорс.
