Кина

Коронавирусот се рашири во 25 земји низ светот

05.02.2020 12:18

Над 1.800 патници и членови на екипажот на крузер кој од Јапонија пристигна во Хонг Конг биле задржани на бродот додека се спроведува тестирање за Коронавирусот, откако неколку патници пријавиле дека имаат треска.

Коронавирусот не запира. Бројот на лица кои починаа се искачи на 492 лица, а заразени се 24.500. Вирусот се рашири во 25 земји низ светот.

Над 1.800 патници и членови на екипажот на крузер кој од Јапонија пристигна во Хонг Конг биле задржани на бродот додека се спроведува тестирање за Коронавирусот, откако неколку патници пријавиле дека имаат треска.

Здравствените работници од Хонг Конг штрајкуваат за да ги принудат градските власти да ја затворат границата со Кина, во која вирусот се појави минатиот месец, за да спречат ширење.

Во меѓувреме, сè поголем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат ставени во карантин или намерно кријат дека патувале во области погодени од Коронавирусот.