Франција

Ле Пен: Брегзитот е страшен неуспех за ЕУ

05.02.2020 12:54

„Велика Британија, конечно, си ја врати својата слобода. Велика Британија штотуку ја тресна вратата пред носот на Европската унија“, рече Ле Пен.

Претседателката на француската десничарска партија Национално собрание, Марин Ле Пен, изјави дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е враќање на слободата и дека тој настан е неуспех за Брисел.

„Велика Британија, конечно, си ја врати својата слобода. Велика Британија штотуку ја тресна вратата пред носот на Европската унија“, рече Ле Пен.

Според неа, во наредните месеци ќе се види дека одлуката на Велика Британија била исправна додавајќи дека ЕУ треба да се фокусира на трансформација во сојуз на нации.