Димитров: Новата методологија придонесува за повеќе динамика, предвидливост и кредибилитет на процесот
Методологијата придонесува за зајакнување на политичката димензија, за повеќе динамика, предвидливост и кредибилитет на процесот – оцени шефот на дипломатијата Димитров.

Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес. Вака реагираше министерот за надворешни Димитров на новата методологија за придружување во Европската Унија.
Според Димитров, во регионот не би требало да постои страв за воведување на повратниот процес бидејќи тој е наменет за трансформација на земјата кон подобри вредности.
Чекор напред кон Унијата е повеќе корист за реформаторите и повеќе санкции за оние кои не се реформиораат, со што се лансира здрава конкуреција во регионот, вели македонскиот министер за надворешни работи.
