Китев: Очекуваме датум за преговори со ЕУ

05.02.2020 13:28

Пратеникот Бетиане Китев од СДСМ денеска имаше средба со претставници од француското МНР. Тема на разговор била новата методологија за преговори со ЕУ која доаѓа на предлог на Франција, но и Законот за обивнителство...

Имаме право што сме разочарани од француското вето за старт на преговорите со ЕУ, но наша одговорност е да направиме сѐ за да добиеме повеќе пријатели, изјави Бетиане Китев од СДСМ по средбата со претставници од француското МНР. Очекува добивање датум за земјава.

„На крајот тој процес да заврши онака како што очекуваме, да го добиеме долгопосакуваниот датум кој ќе не стави на европски шини, што ќе значи дефинитивно почеток на преговори и успешно финиширање на целиот процес“, изјави Китев.

Од француските дипломати предочено дека е потребен консензус за Законот за јавно обвинителство.