ВМРО-ДПМНЕ со предлог- одлука за распуштање на Собранието

05.02.2020 13:38

Македонија мора да тргне по патот на реформите. Бегањето од избори на Заев е бегство од одговорноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог- одлука за распуштање на Собранието. Условите за избори на 12-ти април се исполнети, а Заев и натаму поставува одредени барања, изјави координаторот Мицевски.

Македонија мора да тргне по патот на реформите. Бегањето од избори на Заев е бегство од одговорноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа одлука ја предлагаме бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници, деновиве гледаме како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите“, изјави Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиските интереси, суетите на одредени министри и стравот на Заев од соочување со одговорност- велат од опозициската партија.