СДСМ: Одоговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е кај ВМРО-ДПМНЕ
Од СДСМ тврдат дека сопственикот на битолската фирма е во блиски односи со Никола Груевски...
Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад се кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинува од сдсм. Оттаму тврдат дека сопственикот на битолската фирма е во блиски односи со Никола Груевски.
„Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во дпонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е Горан Ангелов, кој со години беше директор на депонијата, се до пред две седмици, откако Град Скопје го презеде управувањето со Дрисла“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Овој случај мора да добие правен епилог. Сите надлежни институции, особено јавното обвинителство, мора итно да го решат случајот и одговорните да бидат санкционирани- велат од владејачката партија.
