Исплатени февруарските пензии повисоки за 600 денари

07.03.2014 11:16

Со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе изнесува 12.445, односно ќе се зголеми за 62 проценти во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари...

Денеска на сметките на 284.878 пензионери исплатени се 3.551.452.143 денари за февруaрска пензија. Од овој месец пензионерите добиваат за 600 денари повисока пензија, соопштија од Министерството за финансии.
 
Со зголемувањето на пензиите во март годинава просечната пензија ќе изнесува 12.445, односно ќе се зголеми за 62 проценти во однос на 2006 година кога просечната пензија изнесувала 7.683 денари. 
 
„Со ова сме единствената земја, не само во регионот туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да се заштитат пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да се изврши зголемување на пензиите“, стои во соопштението на Министерството.