Железничкиот сообраќај втор ден во прекин

05.02.2020 13:51

Продолжи бојкотот на машиновозачите, кои бараат зголемување на додатокот за квалитет за уште 10 проценти, што сметаат оти им следува со колективниот договор.

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај и денеска се во прекин. Продолжи бојкотот на машиновозачите, кои бараат зголемување на додатокот за квалитет за уште 10 проценти, што сметаат оти им следува со колективниот договор.

Раководството на претпријатието тврди дека прекинот на железничкиот сообраќај е незаконски и оттаму велат дека ваквото барање е надвор од финансиските можности на претпријатието.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелираше машиновозачите да продолжат со работа за да не се зголемуваат долговите на претпријатието. Тој посочи дека платите во МЖ-Транспорт се зголемени и навреме исплатени.