Поголема соработка меѓу армиите на Македонија и Србија

05.02.2020 13:59

Продолжуваат напорите за изнаоѓање на форми и облици за подобрување на билатералната соработка како императив за подобрување на севкупното безбедносно опкружување во регионот, соопштија од Генералштабот.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал- потполковник Ѓурчиновски на средба со генералот Мојсиловиќ, началник на Генералштабот на српската војска. Се разговарало за придонесот на нашата армија во операциите и мисиите на НАТО, ЕУ и Обединетите нации, можностите за користење на Криволак за вежбовни активности, ангажирањето на Армијата во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза.

Продолжуваат напорите за изнаоѓање на форми и облици за подобрување на билатералната соработка како императив за подобрување на севкупното безбедносно опкружување во регионот, соопштија од Генералштабот.

Србија ја почитува нашата стратегиска определба за полноправното интегрирање во НАТО. Искажана подготвеност и за споделување на искуства кои ги има војската на Србија од учеството во мировните мисии под водство на Обединетите нации и ЕУ.