УЈП

Почна исплатата на поврат на ДДВ за последниот квартал од минатата година

05.02.2020 14:19

3,8 милиони евра поврат на ДДВ ќе инкасираат граѓаните на сметка. Сумата е зголемена. Расте бројот на пријави за неиздавање на фискални сметки, велат од Управата за јавни приходи...

Почна исплатата на повратот за „Мој ДДВ“. Околу 3,8 милиони евра ќе им бидат вратени на повеќе од 197 илјади граѓани за месеците октомври, ноември и декември 2019-та. 

Само во јануари и февруари на апликацијата за скенирање на фискалните сметки се регистрирале уште 50.000 граѓани. Според надлежните, во јануари е забележан пораст на наплатата на ДДВ за речиси 70 проценти споредено со другите месеци.

Од УЈП велат дека мерката помага во сузбивање на сивата економија. Пријави за неправилности од почетокот на оваа мерка имало вкупно 1.687, што е двојно повеќе од претходниот период.

Во контролите било констатирано неиздавање фискални сметки, како и користење компјутерски сметки.

 

Дијана Ценевска