Медиуми

Говорот на омраза поприсутен во предизборието

05.02.2020 14:29

Во предизборието говорот на омраза е сѐ поприсутен, станува опасен за општетсвото, предизивикува кривични дела. МВР лани има поднесено 45 пријави, нема ниту една пресуда. Ресорниот министер Чулев повика политичарите да внимаваат, а Советот на етика апелира институциите да постапуваат по ваквите случаи...

Предизборието го повампирува говорот на омраза. Предизвикува кривични дејствија, му пречи на политичкото помирување и создава уште посилна политичка поларизација, согласни се од медиумската заедница, мисијата на ОБСЕ и од МВР. Ресорниот министер Чулев, вели МВР е подготвено да одговори на ваквите појави. Минатата година се поднесени 45 кривични пријави до Обвинителството за 51 сторител, од кои три биле отфрлени. Тој ги повика политичарите, за кои рече дека се најодгворни за комуникацијата, да придонесат со своето однесување.

И амбасадорот на ОБСЕ бара од политичарите поголема толеранција за беспрекорни избори. Загрижувачки е порастот на претставки кои пристигнале до Советот за етика во медиумите. Оттаму на ова гледаат како показател дека говорот на омраза не само што опстојува, туку и се зголемува.

Од медиумската заедница со посебен апел до Обвинителството и судството да почнат да ги препознаваат и казнуваат формите на говор на омраза поради кои се загрозуваат животите, пред сѐ на новинарите и особено во време на избори.

 

Фиљана Кока