Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлогот за распуштање на Собранието
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлогот за распушатње на Собранието на 12-ти феврури, со став дека условите се исполнети, а Заев и натаму поставува одредени барања. Од СДСМ велат дека ќе гласаат, но не исклучуваат можност за одлагање. За власта неопходно е донесувањето на Законот за јавно обвинителство...
Одлуката за барањето за распуштање Собранието е донесена поради обидите на поранешниот премиер Заев, изборите да се одложат, иако исполнети се сите услови за нивно одржување, е ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Деновиве гледаме како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за одржување на изборите“, изјави пратеникот и координатор на ВМРОНикола Мицевски од ВМРО- ДПМНЕ.
Бетиане Китев од СДСМ во свое лично име рече би гласал за распуштање на Собранието, бидејќи предвремените избори се договорени за 12 април, но не ја исклучува можноста распуштањето да се одложи за некој ден. За власта, неопходно е донесување на Законот за јавното обвинетелство за да се исполнат препораките на ЕУ, иако тој не е дел од условите. Токму тоа било и укажано на денешната средба со претставниците на француското МНР.
„Воопшто не станува збор за притисок кон владејачкото мнозинство. Во неколку наврати укажавме на кој начин може да се дојде до компромис за ова прашање. Ние се уште сметаме дека има доволно време и можност да се дојде до одреден компромис“, изјави пратеникот од СДСМ, Китев.
За пратениците од опозицијата Законот за обвинителство и притисокот тој да биде донесен од овој паралементарен состав е едностран и партиски предлог на власта. За нив е прифатлив само закон изработен од експерти и доколку тоа се прифати веднаш би гласале.
Марина Стојанова- Тонева
