Протест пред Цементарница „УСЈЕ“
Забрана за увоз на отпад сѐ до формирање функционални механизми за регулација- бараат граѓанските здруженија. Обвинуваат дека Законот за индустриско загадување не се спроведува и не се мерат коцентрациите. Од цементарница „УСЈЕ“ порачаа дека фабриката не е виновна за загадениот воздух. Загадувањето е еден до факторите за смртност на децата...
Забрана за увоз на отпад сѐ до формирање функционални механизми за регулација, вклучување на граѓанските организации во контролните тела и инспекцискиот надзор и акредитирање на лабораториите на Хемискиот факултет и Министерството за животна средина, се дел од барањатаупатени до Владата.
Од здружението „За чист воздух“, повикувајќи се на последниот извештај на меѓународното ревизорско тело „Еуросаи“, обвинуваат дека Законот за индустриско загадување не се спроведува, концентрациите на потребните параметрине се мерат, а владата во „Планот за чист воздух“ не го споменува загадувањето од големата индустрија.
Од Цементарницата „УСЈЕ“ пак порачаа, нашата фабрика не е виновна за загадениот воздух, одбрете било која светска акредитирана лабораторија и донесете ја тука да постави мерни инструменти.
Овој еколошки геноцид што се случува ги погодува сите, а особено децата, велат педијатрите. Загриженост за последиците на аерозагадувањето по здравјето на децата беше искажано и од Детската амбасада во Скопје. Претседателот Драги Змијанац истакна дека загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност на децата, како и тоа дека секое второ дете во земјава има респираторни проблеми.
На крајот, организаторите на протестот оставија пехар пред „УСЈЕ“, за како што рекоа, искажување благодарност кон трујачот на годината.
Марија Котовска
