Кривичен суд

Продолжува судењето за случајот „Рекет“

06.02.2020 10:06

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети, одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“ со презентирање на докази, и со снимки доставени во обвинителството од сведокот Јордан Камчев.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети, одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.