Земјоделство

Субвенции во овоштарството

06.02.2020 10:18

Овоштарите субвенциите ги добиваат по три основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти.

Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари. Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари за хектар. По 41.000 денари следуваат за другите видови овошје, а за јаболко за површини од 1 до 5 хектари поддршката е 50.000 денари.

За слива и праска ќе се добива по 36.000, односно за насади до 5 хектари по 42.600 денари.

Помала субвенција ќе добиваат одгледувачите на дуњи, мушмули, калинка, смоква, маслинка,бадем и лешник, од 25.000 до 30.000 денари во зависност од големината на површината. За оревите и костените ќе се добиваат субвенции од 15.000 до 18.000 денари за хектар.

За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач од 26-ти декември до 25-ти декември годинава ќе се добиваат по 3 денари за килограм.

Овоштарите кои ја промениле сортата на овоштарникот во 2018-та или 2019-та година имаат право на дополнителна субвенција од 4.500 до 9.900 денари за хектар во зависност од културата.

 

Методија Трајков