САД

Сенатот го ослободи Трамп од обвинувањата

06.02.2020 10:26

Со 52 наспроти 48, сенаторите се изјаснија во полза на републиканецот за точката во која се товареше за злоупотреба на службената должност.

Белата куќа задоволна од одлуката на Сенатот којшто го ослободи американскиот претседател Доналд Трамп од обвиненијата во случајот за негово отповикување инициран од демократите.

Со 52 наспроти 48, сенаторите се изјаснија во полза на републиканецот за точката во која се товареше за злоупотреба на службената должност.

Второто обвинување за попречување на Конгресот беше отфрлено откако 53 гласаа „против“.

Демократите ја почнаа постапката во декември тврдејќи дека барал политичка услуга од Украина за да го наруши угледот на потенцијален противник на претстојните претседателски избори.