Се зголемува бројот на жртви од Коронавирусот
Експертите тврдат дека ги интензивираат напорите за да пронајдат соодветна вакцина за болеста поради која многу кинески градови завршија во карантин.

Над 70 луѓе починаа од коронавирусот во Кина така што бројката на глобално ниво се зголеми над 560. Заразата се шири со рекордна брзина во последните три дена.
Експертите тврдат дека ги интензивираат напорите за да пронајдат соодветна вакцина за болеста поради која многу кинески градови завршија во карантин.
Провинцијата Хубеј, каде што се појави коронавирусот, веќе две недели е изолирана. Од градот Вухан се евакуирани стотици странски државјани и однесени во карантин.
На 11 и 12 февруари, експертски тимови ќе одржат средба во Женева за овој проблем. СЗО најави дека ќе прати меѓународна екипа во Кина.
