МојДДВ #МојаНаграда: Уште 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари
Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино.

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари. Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино.
Христина Колева, Ратко Соколовски, Пеце Трајковски, Александар Стојановски, Елена Илиевска Честојнов, Воислав Завков, Елена Пенева, Дарко Дучевски, Силвана Тасевска, Ивана Илиоска Николовска, Лујза Јаневска, Јулијана Даскалов, Дејан Смилевски, Бурамедин Суловски и Ефимија Маркоска се граѓаните кои беа извлечени во второто коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер, соопштуваат од Министерството за финасии.
Износот на наплатен ДДВ од скенираните сметки во јануари изнесува рекордни 730 милиони денари.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, изјави дека во јануари се скенирaни убедливо најмногу фискални сметки досега преку апликацијата МојДДВ, или над 15 милиони сметки, а наплатениот ДДВ од скенираните сметки во јануари е за над 70% повисок во однос на просекот од претходните пет месеци. Исто така, има и 50 илјади нови корисници на апликацијата, пријавени во текот на декември и јануари.
